Промоција на книга „Креативен хаос“ - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Промоција на книга „Креативен хаос“

Моето првенче, Креативен хаос, настана од песна напишана за задача на час и одбиена на конкурс со образложение дека е напишана на многу возрасен стил за дете од 14 години.

Како и името, Креативен хаос, хаосот е најголемиот поттик на креативност, а хаосот во мојата глава беше со желба само да се подреди, а напиша и книга. Книгата сама во себе содржи песни од секоја тема, Креативен хаос, па се надевам дека кај некој ќе успее да ја поттикне да излезе креативноста. Во книгата ќе пронајдете парче од мојата душа кое одлучив да го споделам со целиот свет, и да целиот свет, бидејќи за мене целиот свет претставуваат пријателите и роднините кои секогаш ме подржуваат и мотивираат.

И како што и сакам да ја нарекувам, мое огледалце, книгата е се што ме одликува мене, се што го сакам со целото мое срце и душа, книгата ми е огледало во кое си го пронајдов својот вистински лик – ќе каже нашата ученичка деветтооделенката Елена Јандреоски која  изминатиот месец ја објави својата прва книга поезија Креативен хаос.

 

Како училиште се гордееме што успеваме да го разбудиме убавото во нашите ученици, се гордееме со тоа што не туку така го носиме името на Блаже Конески затоа што од нашите клупи се раѓаат идни следбеници на делото на нашиот Патрон.

Коментарите се затворени.