Во знак на солидарност на населението од Турција и Сирија, на иницијатива на учениците од Ученичкиот парламент при ООУ „Блаже Конески“, беше спроведена хуманитарна акција.
На хуманитарниот настан беа собрани парични средства во износ од 26,691 денар за помош на настраданото население од земјотресот кој ги зафати Турција и Сирија.