Од почетокот на 2023 година, нашето училиште е координатор на Ерасмус+ проектот Safe Future Safe Climate, во кој се вклучени и основното училиште Gazikent ilkokulu од Истанбул – Турција, Primary School No4 од Лариса, Грција и Creative Youth Academy Hungary од Будимпешта. Проектот е во траење од 18 месеци и завршува во месец Јули 2024 година. Во овој проект учество ќе земат наставници, ученици и родители од сите партнери, кои што непосредно ќе бидат вклучени во сите активности , часови, изложби, кампањи, обуки и работилници поврзани со уметноста.
Бидејќи живееме во време кога е потребно да се превземаат итни акции за решавањето на проблемите со глобалната климатска криза, овој проект е наменет да придонесе во реализацијата на тие акции, вклучувајќи одредена група на млади луѓе заедно со нивните наставници и семејства. Целта на овој проект е да се разбере на социјалната и еколошките одговорности и да постави основа за идните ставови на учениците кон околината.
Според планирањето за овој проект, предвидени се четири мобилности во матичните земји од сите партнери. Првата мобилност од овој Проект беше одржана од 24 до 28 Април 2023 год во Турција во основното училиште Gazikent ilkokulu од Истанбул. Како дел од активностите во овој проект беа одржани часови со учениците од ова училиште поврзани со видовите на животните кои што исчезнуваат, и како тие да се спасат, потоа часови поврзани со енергијата и пресметување на издувни гасови и загадување на воздухот од одредени потрошувачи. Учесниците беа запознаени и со начинот на изработка на хартија од рециклирачки материјал и потоа употреба на таа хартија, посебно во уметнички цели. Како дел од оваа мобилност беше и изложбата од учениците направена од рециклирачки материјали, поврзана со заштеда на енергијата.
Посетата на Atatürk Arboretum жив музеј на растенија, внимателно одбрани и изложени кој ќе им овозможи на учесниците да добијат информации за тревни и дрвенести растенија и да се запознаат во областите на растење, со што ќе придонесат за развивање на свеста за заштита на животната средина. Исто така учесниците и сами дадоа придонес во заштита на животната средина, така што во рамките на училишната градина беа засадени дрвја.
Мобилноста заврши со заклучоци што беше научено, сертифицирање на учесниците и планови за наредната мобилност.