И учениците од паралелката IV-1 одд. се вклучија во одбележување на „Детската недела“ со различни активности испраќајќи силна порака до возрасните „Ние имаме право ние сме иднината“.
Дел од активностите на вредните ученици: Работилница по ликовно, едукација за човекови вредности, содржини и креативни задачи поврзани со правата на децата.
На интересен начин беше одбележан 5-ти Октомври „Денот на учителот“ под мотото„ Во нашиот свет сите сме еднакви“. Имено учениците добија можност да влезат во улога на наставници. На тој ден наставничката ја имаше улогата на ученик и следеше настава од своите нови „колеги“. Останатите ученици со радост ја прифатија новата состојба во која се реализираше наставата од нивните соученици.
Дел од активностите беа прикачени на ЗИДНО ПАНО.