Ни претставува голема чест и задоволство да соопштиме дека меѓу победниците на конкурсот на тема „Девојчето и градот“ на списанието „Либи“ се наоѓа името на нашата ученичка Михаела Крстеска од 3-1 одделение и нејзиниот ментор, наставник Ана Бошкоска.
На литературниот и ликовен избор, инспириран од приказната во новата, истоимена сликовница на Ване Костуранов, „Девојчето и градот“, која е во издание на Libi, дел од Ars Lamina, на поштенската и на електронската адреса на „Арс Ламина“ пристигнаа околу 700 цртежи и 350 литературни дела од ученици од целата држава.
Ние се радуваме на нашите успеси. Мотив повеќе за нас!
Повеќе можете да прочитате на следниот линк.