Во рамки на престојниот карневал и празникот Прочка во Центарот за култура „Марко Цепенков“ се одржа изложба на маски изработени од учениците од основните и средните училишта од нашиот град. Во конкуренција од преку 400 маски нашиот Андреј Бошески од IX3 одделение, под менторство на наставничката по ликовно образование Елена Димоска ја освои првата награда. „ПОРТРЕТ“ е маска изработена од 100% природни материјали обоена со боја добиена од кафе.