Одбележување на Денот на лицата со Дунов синдром - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Одбележување на Денот на лицата со Дунов синдром

Денес, 21-ви март низ целиот свет се одбележува Денот на лицата со Дунов синдром. Во ООУ ,,Блаже Конески’’ Прилеп е одбележан овој ден со цел покренување на свеста за овој синдром. Светдскиот ден на Даунов синдром официјално е одбележан од ОН во 2012 година, додека за прв пат бил одбележан во 2006 година.

Трисомија 21 (Даун синдром) медицинскиот назив за овој синдром, претставува облик на хромозомопатија, односно грешка во комбинацијата на хромозомите во 21 пар на хромозоми, која настанува при клеточната делба на новиот плод. Во плодот наместо два хромозома, се појавуваат три. Токму поради тоа е назначен денешниот датум (21-ви март). Застапеноста на Дауновиот синдром е 1 на 800 или 1000 раѓања и тој може да се открие за време на бременоста преку амниоцентеза.

Симболот на Денот на Дауновиот синдром се распар чорапи бидејќи лицата со Даунов синдром не можат да ги спарат, па на денешен ден луѓето низ светот носат различни чорапи за да ја покажат својата поддршка за борбата на лицата со овој синдром за подобро интегрирање во општеството.

Овие лица се дел од нас. Да им помогнеме да станат изградени возрасни личности кои конструктивно и целосно ќе може да придонесат во нашето општество. Многу е важно системски заедно да им понудиме поквалитетен живот на овие лица!

Одговорни лица се специјалниот едукатор и рехабилитатор, м-р Антонио Коцески и психолог, Оливера Вецеска Трајкоска.

Comments are closed.