Браќата Кирил и Методиј наш вечен аманет! - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Браќата Кирил и Методиј наш вечен аманет!

Солунските браќа Св. Кирил и Методиј им подарија светлина на словенските народи, им ги отворија тајните на книгите, им помогнаа да го запишат и сочуваат културното наследство за следните генерации.

Глаголицата што ја создадоа македонските браќа е основата на денешниот македонски пишан збор и широко отворен прозорец за негово презентирање во светот.

По повод големиот христијански празник 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј и Денот на просветните работници, учениците од нашето училиште со менторска поддршка на наставниците Виолета Христоска, Горјан Василевски, Маја Кузманоска, Љубица Јованоска-Пашоска, Тања Јованоска, Евгенија Мазгалоска, Елена Димоска и Вера Искова пригодно го одбележаа со низа активности и предавања во манастирот Арахангел Михаил, Св. Атанасиј, Св.Никола, за на крај во познатото панаѓуриште, кое патем речено, датира од времето на живеењето на солунските браќа, во населбата Варош, во непосредна близина на црквата Св. Димитрија, ја изведоа и пригодната програма збогатена со ликовна и литературна работилница.

Comments are closed.