Доделени награди на талентираните ученици од нашето училиште - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Доделени награди на талентираните ученици од нашето училиште

Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески и Претседателот на Советoт на Општина  Прилеп, на 145 ученици од Прилеп, на свечен настан во Општина Прилеп им доделија парични награди и пофалници за освоени места на државни и меѓународни натпревари во учебната 2022/2023 година.

Меѓу наградените беа и наши ученици и ментори кои во изминатата година учествувале и освоиле награди на бројни натпревари на локално и регионално ниво.

ООУ „Блаже Конески“ упатува честитки до наградените ученици и благодарност на раководството на Општина Прилеп за организацијата и овозможување на наградите кои за првпат се доделија оваа година со донесување на Правилникот за наградување на талентирани ученици и ментори.

Ви пренесуваме дел од атмосферата од настанот на кој беа доделени наградите на талентираните ученици, на кој присуствуваа и г. Борче Јовчески, градоначалник на Општина Прилеп и Дејан Проданоски, претседател на Советот на општината.

Коментарите се затворени.