Во чест на Денот на Сесловенските просветители Кирил и Методиј - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Во чест на Денот на Сесловенските просветители Кирил и Методиј

„Ако ги запрашаш грчките книжевници: „Кој ви ги создал буквите, или ви ги превел книгите, или во кое време?“ – ретко кој од нив тоа го знае.

Но ако ги запрашаш словенските книжевници, зборувајќи: „Кој ви ја создал азбуката и ви ги превел книгите?“ – СИТЕ знаат и ќе одговорат: „Свети Константин Филозоф, наречен Кирил, тој нѝ ја создаде азбуката и ни ги преведе книгите и брат му Методија“- вака запишал Црноризец храбар.

 

Во Солун, во куќата на Лав и Марија се родила многубројна челад, меѓу кои, најстариот, чие име не е познато, носи калуѓерско име Методија, а најмладиот е Константин, подоцна прославен со калуѓерското име Кирил. Солунските браќа проживеале животи исполнети со многу борби и победи, маки, страданија, но и подвизи за величење до ден денешен, затоа што се творци на словенската азбука и тоа не „на туѓа основа“, ами одново измислиле и пригодиле букви за нов јазик- словенскиот и тоа во време во кое постоело активно користење само на три писма!

 

Свети Климент Охридски. ученик, на учителите свети достоен, ќе рече: „Свесно примија крст и на плеќите ја зедоа сета вселена исполнувајќи ја со поука. А во оние места во кои не се запреа, заради долгиот пат или заради мноштвото други околни земји, таму се растурија како сончеви зраци, осветлувајќи го со светлина на благоразумноста сиот свет! Од таа светлина зраци и денес се шират и виделото на знаењето со себе го носат низ речта денешните просветители – наставниците.

 

Во чест на нивното импозантно дело и белег што го оставиле како наследство на идните поколенијата нашите ученици на различни начини преку многубројни активности им одадоа почит.

Нека ни е честит Денот на Светите Кирил и Методиј, нека ни е честит Денот на просветителите!

 

 

 

ПОЕТСКО ЧИТАЊЕ ПО ПОВОД 24 МАЈ- ДЕН НА СЛОВЕНСКИТЕ ПРОСВЕТИТЕЛИ

Соработници во подготовка на настанот:

Вера Искова, библиотекар

Виолета Христоска, наставник по Македонски јазик

Андријана Дукоска, наставник по Музичко образование

Елена Ѓорѓиовска, наставник по Македонски јазик

Весна Арсиќ, наставник по одделенска настава

Мешаниот хор при нашето училиште под раководство на Маја Црвенкоска- наставник по музичко образование.

За животот и делото на браќата Кирил и Методиј ќе ни раскажат четвртоодделенците на наставничката Теодора Стојановска.

И најмалите, вторачињата на наставничката Наташа Јовеска во чест на нашите просветители ќе посветат неколку стихови.

 

 

 

 

 

 

Коментарите се затворени.