Македонското знаме формирано од сите ученици од прилепските училишта - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Македонското знаме формирано од сите ученици од прилепските училишта

Учениците од сновните и средните училишта од Прилеп учествуваа во формирањето на македонското знаме, по повод 11 Октомври – Денот на Македонското народно востание.

Во пресрет на празникот, Денот на народното востание, 11 Октомври, 1200 ученици од основните и средните училишта го формираа македонското знаме на плоштадот „Методија Андонов- Ченто“  и предизвикаа воодушевување кај сите кои во тој момент присуствуваа на плоштадот во Прилеп. Со тоа  градот херој и официјално го започна одбележувањето на 82-годишнината од денот кога македонскиот народ се крена против фашистичкиот окупатор.

Целта на перформансот, во изведба на учениците е подигнување на националната свест, почитта и љубовта кон татковината, пренесувајќи на овој начин, симболична порака до сите граѓани на Македонија, за важноста на националните македонски симболи и во чест на борците – херои кои го дале својот живот за слободна и независна Република Македонија.

Коментарите се затворени.