ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИК ПРАВОБРАНИТЕЛ - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИК ПРАВОБРАНИТЕЛ

ООУ„Блаже Конески“ од Прилеп ги повикува учениците од 7, 8 и 9 одделение да аплицираат за ученик правобранител.

Критериуми кои што треба да се земат во предвид, при пријавата и изборот  на ученик правобранител се следните:

– Да е одличен ученик;

– Да ги познава детските права;

– Да има комуникативни способности – отворено да разговара за проблемите на учениците;

– Да е дисциплиниран;

– Сериозно да ја сфати својата улога;

– Да има почит кон другите;

– Да не прави разлика меѓу учениците;

– Да е одговорен ученик;

– Да умее да соработува со другите.

Ученикот правобранител се избира со мнозинство гласови од учениците од 7-мо до 9-то одделение, по пат на тајно гласање на одделенскиот час на 16.10.2023 год.

 ПРИЈАВИТЕ МОЖАТ ДА СЕ ПОДИГНАТ ОД ПРОСТОРИИТЕ НА ПЕДАГОГОТ И ПСИХОЛОГОТ, А ПРИЈАВУВАЊЕТО Е  НАЈДОЦНА ДО 13.10.2023 ГОДИНА

Коментарите се затворени.