Обука за неформално образование, Струга 21 - 27 Мај 2024 год. - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Обука за неформално образование, Струга 21 – 27 Мај 2024 год.

Во рамките на Еразмус+ програмата финансирана од Македонската Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, Здружението Јасна Иднина од с.Небрегово, Долнени реализираше обука на тема неформално образование под името РАЗВИВАЊЕ ПРИСТАПИ ЗА НЕФОРМАЛНО УЧЕЊЕ НА МЛАДИТЕ.

Целта на обуката беше да поттикне алтернативно размислување, поттикнување на вештини за критичко размислување и промовирање креативност кај младите, како и да им се дадат алатки на младите за да можат да продолжат со алтернативно учење надвор од формалната средина за да можат да бидат смели и повеќе прилагодливи на пазарот на труд кој брзо се менува.

Тимови од Македонија, Латвија, Франција, Португалија, Турција и Ерменија се приклучија на обуката во Струга за да ги усовршат своите вештини за работа со млади во формална или надвор од формалната средина за учење. Во тимот на Македонија учествуваа тројца наставници од нашето училиште, Валентина Кочоска, Филип Ристески и Наташа Ристеска-Проданоска.

Коментарите се затворени.