Одбележан 21-ви Март - Светски ден на лицата со Даунов синдром - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Одбележан 21-ви Март – Светски ден на лицата со Даунов синдром

Светскиот ден на лица со Даунов синдром се одбележува секоја година на 21 март – симболично избран датум поради трите копии на 21-от хромозом (трисомија 21) што се присутни во клетките на овие лица.

На овој ден во знак за нивна поддршка стручните соработници од ООУ ,,Блаже Конески’’ Прилеп – специјален едукатор и рехабилитатор Антонио Коцески и психолог Ана Талеска во соработка со учениците од трето четири одделение со одделенскиoт наставник Гордана Џокоска и образовниот асистент Мери Бошкоска го одбележаа овој значаен ден.

Симболот на овој ден се распар шарени чорапи кои учениците ги изработиа за да ја истакнат различноста поврзана со 21-от хромозом, а преку тоа изразија љубов, поддршка и разбирање, затоа што луѓето со Даунов синдром не можат да ги спарат.

Светскиот ден на Даунов синдром игра клучна улога во промовирањето на свеста и прифаќањето на лицата со Даунов синдром во образовниот систем, а истовремено ги препознава нивните достигнувања и придонеси. Секој ученик со својата креативност  им испрати порака до овие лица. Сите треба да се здружиме за да создадеме единство во различноста и да ја прифатиме убавината на индивидуалноста за  да им помогнеме да станат изградени возрасни личности кој конструктивно и целосно ќе може да придонесат во нашето општество.

Коментарите се затворени.