Денес во нашето училиште со средства од Министерството за образование и наука е опремен кабинет по Хемија, Биологија и Природни науки.
Се работи за специјално дизајниран инвентар наменет за лабораторија по Природни науки, што ќе допринесе за поквалитетно и непречено изведување на наставата по овие предмети, за изведување на експерименти и подготовка на проекти.
Во континуитет МОН ги подобрува условите за учениците, со новиот концепт и новите програми за основно образование се опфатени и опремувањата на кабинети какв што е нашиот кабинет во кој се внесени потребни ресурси за изведување на наставата и други дополнителни активности од групата на природни науки.