Отворен ден за Граѓанско образование 2021 - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Отворен ден за Граѓанско образование 2021

И оваа учебна година, учениците од основното училиште „Блаже Конески“  Прилеп се вклучија во реализација на  активности за поттикнување на  демократската  клима во училиштето. Сите наши активности во Отвореиот ден за граѓанско образование имаа за цел поттикнување на чувството на одговорност помеѓу учениците за состојбите и условите во училиштето и заедницата  и зајакнување на ученичката  иницијативност за преземање активности за позитивна промена.

Главната порака на овогодинешните иницијативи беше хуманоста. Нашите  ученици со своите иницијативи  покажаа дека учењето не се одвива само во училница и од книга и дека граѓанските компетенции на учениците се градат уште од мали нозе. Да бидете хумани – не е себичност, хуманоста е надеж, среќа, пред се време за дарување љубов за сите оние кои имаат потреба за тоа.

Учениците вредно работеа своите знаења по различни наставни предмети да ги применат и да практикуваат однесување кое значи активно ангажирање со поддршка на возрасните во подобрување на состојбите во училиштето и заедницата.

На иницијатива на учениците од III 3 одделение, а во соработка со родителите беше организирана хуманитарна акција на ниво на целото училиште. Хуманитарната акција како дел од Отворениот ден на граѓанско образование овозможи да бидат собрани парични средства и ученички прибор. Собраните средства беа донирани на ученици од нашето училиште.

Учениците од  IV-3 одд. во своето едукативно видео порачуваат дека ХУМАНОСТА ПРЕТСТАВУВА ТЕМЕЛ ВО МЕЃУЧОВЕЧКИТЕ ОДНОСИ! Да бидеме хумани,  да направиме добри дела, да  осветлиме нечиј пат, да насмееме едно срце и стоплиме една душа.  Да помагаме секогаш, во секој момент било кому и на кој било начин, без разлика на верска, етничка и национална припадност. Да бидеме хумани, да подадеме рака!.

Учениците од второ одделение под слоганот Инспирирај, мотивирај, создавај, покренаа иницијатива да се подигне свеста на учениците да се инспирираат и мотивираат за повеќе сознанија, грижа и љубов за нашата природа, за растенијата. „ДЕЦАТА СЕ ГРИЖАТ ЗА ИДНИНАТА НА РАСТЕНИЈАТА“.  Децата засадуваат а земјата  се радува, никнува се што во неа се засадува!

Учениците од  шесто одделене покренаа иницијатива да научат  нешто повеќе за болеста на современото време- дијабетесот. Во соработка со родителите и Општата болница во Прилеп предавање за Дијабетисот одржа доктор Златко Савоски специјалист по интерна медицина кој им порача на сите да се грижат за своето здравје. На дел од присутните ученици во согласност со родителите им беше проверено нивото на шеќер во крвта.

Учениците од седмо одделение на Отворениот ден на граѓанско образование во соработка со организацијата „Дрим тим – од деца за деца “ од Прилеп, изработија видео запис во кој споделија лични  искуства  на хуманост и соработка и упатија повик до сите нас да го следиме нивниот пример.

Учениците од IX одд. со своето учество на натпреварот за ученички иницијативи Од идеја до позитивна промена ја презентираа идејата за креирање училишен  веб блог. Целта  е поттикнување на чувството на одговорност помеѓу учениците за состојбите и условите во училиштето и заедницата.   Мудроста на возрасните и креативноста на учениците можат да поттикнат преземање низа активности за позитивна промена.

Во реализацијата  на своите иницијативи и идеи учениците имаа огромна поддршка од директорот на училиштето Ангелка Баракоска, стручните соработници Жаклина Гегоска, Оливера Вецеска Трајкоска, родителите,  како и тимот на наставници  Лидија Котеска, Наташа Ристеска Проданоска, Весна Арсиќ, Виолета Христоска, Евгенија Ангелеска, Валентина Кочоска, Наташа Чубрикоска, Симона Аческа, Фанија Макешоска, Наташа Јовеска, Борка Попова, Димчо Наумчески, Весна Конеска.

 

 

Коментарите се затворени.