На ден 05.05.2023 год. се реализираше час по предметот Општество во Полициската станица -Прилеп со цел запознавање на работата на службените лица, вработени во Полициската станица во Прилеп, како и разговор и запознавање на учениците со службените лица.
Во краток вовед од страна на службените лица, учениците имаа директен контакт со службените лица и блиска средба со возилото од полициската служба.