Порака за нови успеси и победи - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Порака за нови успеси и победи

Драги наши ученици, полека се одбројуваат и последните мигови од оваа година. Зад вас ќе оставите 365 дена, секој ден за себе различен. Ќе ги паметите по добро и не толку добро. Се навикнавте да живеете во изменети услови со скратени игри, дружења, со многу правила и протоколи. Да се потрудиме да го заборавиме сето тоа и силно да си посакаме да излеземе победници од сета оваа ситуација. Победата да ја гледате во тоа што ќе бидете здрави, живи и весели, покрај своите родители и најмили.

Да ви посакаме во годината која иде другарувањата да бидат реални, да ги оставите социјалните мрежи кои ви беа замена за физичкото дружење со вашите врсници, да редите уште поголеми успеси на сите полиња, да ве прати среќа, да го негувате човечкото во себе, да ширите позитивна енергија околу вас и многу љубов затоа што само така ќе допринесете за позитивни промени околу вас.

НЕКА ВИ Е СРЕЌНА И БЕРИЌЕТНА НОВАТА 2022 ГОДИНА

 

 

 

Коментарите се затворени.