Учениците од II-3 одделение го одбележаа Меѓународниот ден на планетата Земја - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Учениците од II-3 одделение го одбележаа Меѓународниот ден на планетата Земја

Учениците од II-3 одделение под менторство на наставничката Весна Арсиќ го одбележаа Меѓународниот ден на планетата Земја со цел да се потсетиме дека Земјата и нејзините природни  убавини ни даваат живот и добро здравје.
Овој ден, исто така ја поттикнува нашата одговорност за природата на планетата Земја во целина, како да се однесуваме кон истата и што можеме да направиме за да и помогнеме да остане чиста и здрава.
Денот на планетата Земја претстaвува можност секој од нас како дел од планетата да размисли за своето однесување спрема Земјата, дали се однесуваме правилно и одговорно, и што можеме да направиме да биде почиста и поубава, бидејки само здрава и чиста животна средина може да ни овозможи квалитетен живот.
Овој ден го одбележаа со низа активности:
Прегрнување на дрвја, со цел да се искаже љубовта и благодарноста кон природата, бидејќи дрвјата овозможуваат да се дише чист воздух и помагаат во развојот и одржувањето на заедниците;
Изработка на  постер  под мотото: Планетата е во наши раце!
Напишани  ЕКО ПОРАКИ!
Изработени   флари под мотото: Отпад собирај, смет рециклирај,биди кул за да не е се фул! Флаерот го поделија на месното население!

Коментарите се затворени.