Завршната мобилност од Еразмус+ проектот “Safe Climate Safe Future” - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Завршната мобилност од Еразмус+ проектот “Safe Climate Safe Future”

Завршната мобилност од Еразмус+ проектот “Safe Climate Safe Future” се одржа во Македонија. Како домаќини имавме задача во најдобро светло да ја покажеме уметноста на природата. Заедно со партнерите од Турција, Грција и Унгарија, организиравме ликовни работилници со рециклирани материјали, еко-акции во природа и посета на Инфо-центарот Пелистер, каде беше презентирана поставката на флората и фауната на националниот парк, вклучувајќи ја и Моликата како реткост во регионот. Дополнително, организиравме изложба на дела направени од рециклирана хартија, која привлече големо внимание и ја истакна креативноста и иновативноста на учесниците.

Учесниците беа многу задоволни од активностите и ги истакнаа новите знаења и вештини што ги стекнаа. „Ваквите проект ни помагаат да сфатиме колку е важна заштитата на природата и колку многу можеме да направиме со мали промени во секојдневниот живот,“ изјави еден од учесниците.

Проектот резултираше со конкретни еко-акции кои ќе продолжат и по завршувањето на оваа мобилност. Планираме дополнителни работилници и иницијативи за подигнување на свеста за заштита на животната средина.

Comments are closed.