ОДРЖАНА ВТОРАТА МОБИЛНОСТ ОД ПРОЕКТОТ ЕРАЗМУС+ The Power of Animal-Assisted Interventions - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

ОДРЖАНА ВТОРАТА МОБИЛНОСТ ОД ПРОЕКТОТ ЕРАЗМУС+ The Power of Animal-Assisted Interventions

Од 06 до 10 декември 2021 година се одржа втората мобилност од проектот ЕРАЗМУС+ The Power of Animal-Assisted Interventions. Земја домаќин беше Литванија. Во градот Šiaulių се сретанаа партнерите од Португалија, Северна Македонија, Турција и Литванија каде се разменија искуства за подобрување на работата со деца кои имаат потешкотии во учењето, деца со физички инвалидитет, деца кои пројавуваат анксиозност, депресија, деца со аутизам…. посебно нагласувајќи ги рибите, кучињата и зајаците како едни од животните кои овозможуваат да се подигне самодовербата кај децата, да ја ублажат анксиозноста, стравот, да му овозможат на децата полесно совладување на наставните материи, подобрување на комуникацијата, развивање на чувство на алтруизам, почит кон другите живи суштества.

Оваа мобилност му  овозможи на нашите наставници да увидат како зајаците и кучињата помагаат кај децата полесно да се совладаат наставните содржини, да ги ослободат во меѓусебната комуникација како и соработката со наставникот. Исто така преку работилници и посета во делфинариумот бевме сведоци на активности во кои делфините се директно вклучени во подобрување на состојбата на децата со аутизам. Стекнатите искуства беа применети и во нашето училиште од нашите наставници кои беа задоволни од постигнатите резултати кај учениците.

Една таква работилница ви споделуваме од наставничката во  одделенска настава Ана Бошкоска која одржа час  каде  од животните ги употреби зајаците  кои им помогнаа  на учениците полесно да ја совладаат наставната содржина, да ги увежбаат читачките способности, да ја подобрат комуникацијата меѓу себе и да ја подигнат свеста за почитување на животните.

 

Коментарите се затворени.