По повод месецот на книгата, градската библиотека “Борка Талески” реализираше општински натпревар за најдобра рецитација, рецитација со уметнички квалитети, краснопис и лична творба. Нашето училиште се закити со две награди.
ПРВА НАГРАДА – Ана Марија Шашеска со својот ментор, Весна Арсиќ за учество на конкурсот за најдобра рецитација !
ТРЕТА НАГРАДА -Даријан Дукоски и Адам Прангоски- со својот ментор Весна Конеска за учество на конкурсот рецитација со уметнички квалитети.
Честитки до учениците и менторите!