TOWARDS GREEN FUTURE - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

TOWARDS GREEN FUTURE

“TOWARDS GREEN FUTURE” Во овој еТвининг проект, кој го нарекуваме „Кон зелена иднина“, се здружуваме за да научиме еколошки практики, да ја подигнеме свеста за одржливоста и да преземеме акција за позелен свет. Нашата цел е да обезбедиме да имаме знаење за прашања како што е справување со отпадот, заштеда на енергија, рециклирање и да се поттикнеме да дејствуваме , како свесни поединци за овие прашања. Во овој проект комуницираме со ученици од други европски земји, ги споделуваме нашите искуства и заедно го зголемуваме нашето знаење за животната средина. На оваа платформа, која е важен дел од нашиот проект, вклучени сме во процесот, со споделување на нашите настани , вебинари и информативни содржини. Дополнително, нашиот проект го збогатуваме со разни натпревари и настани во кои учествуваме со голема мотивираност. Со учество во овој проект, ќе преземеме важни чекори во однос на еколошката свест и дополнително ќе се подобриме Запомнете, малите промени можат да направат голема разлика. Заедно, правиме чекор кон позелена и погодна иднина и со нетрпение очекуваме да работиме заедно за зелена иднина… Во проектот ,вклучени се 15 ученици од осмите одделенија, кои веќе 4 месеци работат неуморно, во заеднички активности и со другите ученици од останатите земји.Како резултат на нивната посветена работа , дојде и изборот на логото, креирано од нашите ученици , како официјално лого на овој меѓународен проект. За радоста да биде уште поголема ,важен е и фактот , дека ова се случува по втор пат, бидејќи и во претходниот меѓународен проект ,нашето лого беше избрано ,со најголем број на гласови ,за победничко лого. Со надеж, за учество во следен проект, очекуваме успешно завршување на сегашниот.
Comments are closed.