Тимот ученици Марија Стојаноска, Андреј Бошески и Елена Јандреовски го освои првото место на државниот онлајн натпревар за ученички иницијативи, Граѓанско на дело: Од идеја до позитивна промена.
Натпреварот за теми од полето на Граѓанското образование, спроведувањето на ученичките иницијативи и младинското учество беше организиран во рамките на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско образование, во соработка со Младинскиот образовен форум.