Новости - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Новости

Учениците од V-1 одделение, заедно со наставникот по англиски јазик Филип Ристески, креираа музичка работилница со помош на online алатката Chrome Music Lab, со цел зајакнување на моторички способности и групна координација. Оваа активност беше употребена како дел од дисеминацијата од обуката за неформално образование ‘Developing non-formal learning approaches for youth workers’, кој што се одржа во Струга, од 21-27 
Read more
Во рамките на Еразмус+ програмата финансирана од Македонската Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, Здружението Јасна Иднина од с.Небрегово, Долнени реализираше обука на тема неформално образование под името РАЗВИВАЊЕ ПРИСТАПИ ЗА НЕФОРМАЛНО УЧЕЊЕ НА МЛАДИТЕ. Целта на обуката беше да поттикне алтернативно размислување, поттикнување на вештини за критичко размислување и промовирање креативност кај младите, како и да им 
Read more
Уште една во низата успеси на нашите ученици! Ученичката Ана Марија Шашеска освои ВТОРО МЕСТО на Литературниот конкурс по повод “Светски ден на книгата”, ментор, Катерина Димкоски. Свечена манифестација на доделување на признанија и читање на наградени поетски творби во Домот на културата “Илинден “- Демир Хисар. Да се множат наградите!!
Read more
Солунските браќа Св. Кирил и Методиј им подарија светлина на словенските народи, им ги отворија тајните на книгите, им помогнаа да го запишат и сочуваат културното наследство за следните генерации. Глаголицата што ја создадоа македонските браќа е основата на денешниот македонски пишан збор и широко отворен прозорец за негово презентирање во светот. По повод големиот христијански празник 24 Мај – 
Read more
Учениците од II 1одделение под менторство на наставникот Наташа Димеска се вклучија во обележувањето на 24 Мај денот на Светите Кирил и Методиј. Тие изработија книга на паралелката во работилницата ” Свети Кирил и Методиј – се словенски просветители” преку која се запознаа со живот и делото на браќата Кирил и Методиј.
Read more
Учениците од V 5 одделение заедно со наставничка Анета Кукуноска по повод 24 Мај „Свети Кирил и Методиј“ – Ден на сесловенските просветители, изработија проект со кој искажаа благодарност до нашите први учители,нашите први просветители.Ви благодариме наши први учители за Вашето дело. Учениците порачаа: „Јазикот треба да го цениме, да го негуваме и со гордост да го употребуваме“.
Read more
​Ги известуваме учениците од деветто одделение дека врз основа на правилникот за Пофалби и награди на ООУ „Блаже Конески“ од Прилеп распишува Конкурс за учениците од деветто одделение за избор на ПРВЕНЕЦ НА ГЕНАРАЦИЈАТА. ​Конкурсот за конкурирање за ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈАТА ќе биде истакнат на огласната табла од училиштето и на интернет страницата www.oublazekoneski.edu.mk и истиот ќе содржи критериуми според 
Read more
Учениците од третите одделенија од нашето училиште имаа интегриран наставен ден. Беа во посета на Основното музичко училиште “Ордан Михајлоски- Оцка” и проследија презентација на музички инструменти. Како дел од прошетката посетија културно историски споменици низ центарот на Прилеп и Меморијалниот музеј “11 Октомври”. Со тоа ги проширија и збогатија своите знаења од минатото на својата држава.
Read more
По повод 20 Мај денот пожарникарите учениците од 7-2 одделение беа во посета на Територијалната Против Пожарна Единица на град Прилеп.Се запознаа со нивната опрема и работа, научија како да постапат при откривања на шумски пожар и им посакаа да имаат помалку работа.
Read more
На државниот натпревар по англиски јазик -ЕЛТАМ, кој се одржа на 18.05.2024 ,нашите ученички Ена Тодороска 7-1 и Надја Митрик 7-3 (ментор Марија Василеска) постигнаа голем успех, ТРЕТО место. Честитки и успеси во иднина!
Read more