Комисијата констатира, дека за конкурсот се испратени 76 лични творби (песни) од ученици од основните училишта во општина Прилеп. Во нашето училиште се постигнати следните резултати:
- Прва награда за песната „Моето училиште“, чиј автор е Даријан Дукоски, ученик од IV-1 одд. под менторство на наставникот Весна Конеска.
Доделени се специјални награди за следните песни:
- „Јас како еко-херој“, чиј автор е Теодор Ристески, ученик во II 3 одд. под менторство на наставникот Весна Арсиќ.
- „Маче“ чиј автор е Галена Крстеска, ученик во II 2 oдд под менторство на наставникот Наташа Ристеска.
- „Пишувам песна многу лесна“ чиј автор е Дарио Трајкоски, ученик во II 2 одд. под менторство на наставникот Наташа Ристеска.
- „Зима“ чиј автор е Ангела Маркоска, ученик во II 2 одд. под менторство на наставникот Наташа Ристеска.
- „Здрава храна“ чиј автор е Марко Јованов, ученик во II 2 одд. под менторство на наставникот Наташа Ристеска.
Честитки на добитниците на наградите и нивните ментори.