ВЕЛИГДЕН, КУЛТУРА И ТРАДИЦИЈА - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

ВЕЛИГДЕН, КУЛТУРА И ТРАДИЦИЈА

Велигден – Голем ден. Најубавиот христијански празник, празник на љубовта и мирот. Учениците од II-3 одделение под менторство на наставничката Весна Арсиќ Ви го честитаат овој животворен ден, кој е една и единствена основа на христијанскиот живот и христијанската надеж. Да поздравиме сé што е во светлината на Христовото Воскресение, зашто после него сé е поразлично од она што го имавме вчера, сé изгледа подобро и повеличенствено. Додај мир во душата, љубов во срцето со верба во Бога, во слава на Христос да се радуваме, да простуваме, да сакаме и да се почитуваме. Ви посакуваме од Велигден до Велигден да биде присутна кај сите вас ЉУБОВТА, ИСКРЕНОСТА, ДОБРОДУШНОСТА… и секогаш бидете она што и всушност сте, за да сите знаат колку е убаво да бидете само СВОИ… Имајте среќни празници! За многу години!

Коментарите се затворени.