Активности - Блаже Конески

Адреса: Точила б.б. 7500 Прилеп

Прием на ученици со поднесување на електронска апликација

048 417 755

------------@-------.-----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

048 417 755

-----------@-----.----

Точила б.б.

7500 Прилеп

07:30 - 17:00

Пон. - Петок

Активности

По повод Светскиот ден на планетата Земја наставничката по англиски јазик Елена Стојаноски заедно со учениците од II-4 и III-5 одделение собираа отпад и рециклираа пластика во вендинг машините на Пакомак и изработија голем број на цртежи под мотото: Да ја спасиме планетата Земја!
Read more
Учениците од III -5 одделение заедно со својата наставничката Ана Марија по повод 22 Април “Денот на планетата Земја ” реализираа работилница под мотото “Засади дрво ,засади и цвет и разубави го цел свет ”
Read more
Учениците од V 5 одделение заедно со нивната наставничка Анета Кукуноска по повод,, 22 Април – Ден на планетата Земја ” изработија проект на кој ја прикажаа љубовта и желбата за чување на нашата планета Земја. Мото:Мото: Нашата планета е наш единствен дом, заедно да се грижиме и да ја чуваме! Да ја обновуваме природата и да изградиме здрава планета. 
Read more
На регионален натпревар по англиски јазик ELTAM нашите ученици ги освоија следните места  5то одд Ања Василоска 2 место Ментор Филип Ристески  7мо одд Ена Тодороска 1 место Надја Митрик 1место Ментор Марија Василеска  Продолжуваат на државен натпревар каде им посакуваме уште поголеми успеси.
Read more
Актив од второ одделение! Воннаставни активности: Проект: Програма за планирање на активности  за професионална  ориентација и кариерно советување! Област: Реални средби Ниво: Разбирање на специјалната вредност на работата и важноста на работата во животот на поединецот! Поттикнување на искуствено доживување Активност: Посета  на пекарата   „Лукамик“, која произведува леб и бели пецива . Разговор со родителите Роберт и  Габриела Тасески 
Read more
„Сите среќни семејства наликуваат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин“ – Л. Толстој. Денес е одбележан Светскиот ден на семејството. По тој повод училиштето беше домаќин на членови од здружението Преродба и писатели од нашиот град. Активностите беа во организација на наставниците: Лидија Котеска, Виолета Христоска, Маја Кузманоски и Наташа Ристеска Проданоска, а со поддршка 
Read more
Актив од второ одделение! Воннаставни активности: Проект: Програма за планирање на активности за професионална ориентација и кариерно советување! Област: Реални средби Ниво: Разбирање на специјалната вредност на работата и важноста на работата во животот на поединецот! Поттикнување на искуствено доживување Активност: Посета на текстилната фабрика „Тила“, која произведува конфекција за деца, македонски бренд на детска облека! Разговор со родителот Ивана 
Read more
По повод Светскиот ден на здравјето, 7 април, група ученици од нашето училиште ги посетија пензионерските ограноци во н. Точила и Варошко Маало. За оваа пригода тие со наставничките Виолета Христоска, наставник по Македонски јазик и Маја Кузманоски, наставник по Музичко образование, подготвија пригодна приредба. Пред присутните пензионери учениците се представија со своите музички, литературни творби, а им поделија и 
Read more
Интерактивна дискусија со ученици од три училишта од Прилеп, за прилепските геолошки феномени, која ја заокруживме со интерпретација на рециклиран мермер, гранит, оникс и други природни прилепски минерали, во ендемични ботанички приказни од мозаични коцкички Проектот е поддржан од SlovakAid и Slovenské veľvyslanectvo v Severnom Macedónsku.
Read more
И во подрачното училиште во населбата Варош наставничката по англиски јазик и учениците од IVто-4 одделение го одбележаа 2ри Април – Светскиот ден за свесноста на аутизмот. Децата со аутизам не се аутистични тоа е само аспект од нивниот карактер. Да ги почитуваме и цениме различностите бидејќи аутизмот не е болест ние сите сме еднакви и рамноправни!
Read more